Први охрабрувачки знаци во однос на сериозноста на заразата со омикрон сојот

182

Од Јужноафриканската Република пристигнуваат првите „помалку охрабрувачки знаци“ кога е во прашање сериозноста на инфекциите со омикрон сојот, изјавил советникот за здравствена криза во Белата куќа, д-р Ентони Фаучи, предупредувајќи дека ова се само прелиминарни податоци.

„Јасно е дека омикрон се шири во Јужноафриканската Република.Но, засега, иако е премногу рано да се извлечат какви било цврсти заклучоци, се чини дека омикрон сојот не предизвикува високо ниво на загриженост кога станува збор за болеста. Досега, знаците за сериозноста на болеста се малку охрабрувачки“, повтори тој.

Омикрон е потврден во најмалку 15 американски држави и околу 40 земји откако првпат беше откриен во Јужна Африка.

САД една недела ја затвори границата со оваа земја, но и со уште седум јужноафрикански земји.

Фаучи во неделата рече дека се надева дека забраната ќе биде укината „во разумен рок“.