Првата фаза на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во скопски Аеродром комплетна до Нова година

154

Наставата за учениците од прво до трето одделение во училиштата во Аеродром се одвива во најдобар ред и се почитуваат сите пропишани здравствени протоколи, изјави денеска градоначалникот на оваа скопска општина, Златко Марин.

– Исто така, без проблеми се одвива и онлајн-наставата за другите ученици. Ја користам оваа можност да ве информирам дека по средбата во Министерството за образование и наука, се интензивира изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза, рече градоначлникот Марин, соопшти Општина Аеродром.

Воедно, тој рече дека како општина се трудат да ги обезбедат сите услови за учениците со цел непречено да се одвива наставата.