Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб, конечно ја пркеина црната серија од 23. порази во Лигата на шампионите и успеа да слави во рамките на 8. коло  од Лигата на шампионите. „Плинарите“ после 695 дена на домашен терен го надиграа Мешков Брест со 31:24.

Иван Чупиќ беше најефикасен кај домашниот тим со осум гола, а го следеше Звонимир Срна со седум реализации. Јака Малуш со шест гола беше најдобар кај белорускиот претставник.

Одличен натпревар за љубителите на ракометот одиграа Киелце и Барселона, во дербито на колото во групата Б. Во Полска, каталонскиот гигант и актуелен бранител на титулата уште од самиот почеток го контролираше натпреварот и резултатот, но во самиот финиш Киелце со серија од 6:0, ја анулираше негативата од четири гола и извојува огромна победасо 29:27. Ова беше втора победа на полскиот шампион над Барселона за една недела, откако претходно славеа и на гостински терен. Со оваа победа се одлепија на првата позиција во групата со 14. бода, додека второпласиранта Барселона ума 9. бода.

Прва ѕвезда во победничкиот тим беше Алекс Душебаев со седум гола, додека кај Барсе прв стрелец беше Арињо со пет погодоци.

Монпелје со победата над Елверум (39:32) се зацврсти на првото место во групата А. Францускиот тим одигра уште еден рутински натпревар на домашен терен. Серијата победи ја продолжи против норвешкиот првак, кој немаше квалитет да му се спротистави на тимот предводен од Патрис Канаје. Уго Деска беше феноменален и постигна единаесет погодоци за францускиот клуб. Тобиас Грендл кај гостите се истакна со седум погодоци.

Европскиот вицешампион Алборг им стави крај на поразите, откако славеше во дуелот со Кил (35:33), нанесувајќи му го вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите