Почна финалното асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“

278

Од Градот информираат дека денеска почна финалното асфалтирање на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел.

Како што соопштија градските власти, оваа фреквентна улица наскоро ќе биде целосно реконструирана на потегот од кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ до крстосувањето со улица „Бутелска“.