Почна реконструкцијата на улицата „Димо Хаџи Димов“

140

Денеска започна реконструкцијата на улицата „Димо Хаџи Димов“. Станува збор за потегот од улицата „Антон Попов“ до „Народни Херои“, во должина од 800 метри, со опфатени над 6.520 квадратни метри површина.

Со реконструкцијата, како што истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе биде опфатена и водоводната мрежа, ќе се изгради и нова атмосферска канализација, ќе се израмнат шахтите и сливниците со новиот коловоз, а потегот и хортикултурно ќе се уреди.     

Градежните зафати ќе се одвиваат во период од три месеци, а инвестицијата е во вредност од 41 милион денари.

(А.П.)