Почна реконструкцијата на ул. „Периша Савелиќ“ на Водно

136

Општина Центар продолжува со активностите за реконструкција на улиците кои се под нејзина надлежност.

– Денес, на вкупна површина од 3.233 квадратни метри започнавме да ја реконструираме улицата „Периша Савелиќ“ на Водно. Досега, во овој дел од општината ги реконструиравме улиците „Загребска“, „Караорман“, „Бигла“, „Димитар Пандилов“, потоа „Ганчо Хаџипанзов“, „Капештец“, „Питу Гули“ и други, а наредна за реконструкција е улицата „Тодор Александров“ – информира градоначалникот Саша Богдановиќ.