Почна поставувањето на канализациска мрежа

42

Почна поставувањето на канализациската мрежа во должина од 450 метри на улица „5“ и крак на улицата во населеното место Петровец.

Финансиските средства, како што соопшти Општината, во целост се обезбедени од буџетот на Општина Петровец и изнесуваат околу 1.500.000 денари.

– Проектот се очекува да заврши во период од 20 до 25 дена, доколку временските услови го дозволуваат тоа- се наведува во соопштението на општината.

Оттаму додаваат дека вакви и слични градежни активности ќе продолжат и во наредниот период во сите населени места на територијата на Општина Петровец.