Легендарниот НФЛ играч, Том Демпси, почина на 73-годишна возраст како последица од коронавирус. На 25 март му беше дијагностициран вирусот Ковид-19, но последиците од болеста беа преголеми, соопштија од клубот во кој се прослави – Њу Орлеанс Сејнтс.

  • Животот на Том говори за каков човечкиот дух станува збор и беше пример за решителност дека не треба да се дозволи некоја неволја да ни застане на патот на соништата, истканаа од клубот.

Демпси е роден без прсти на десната нога, но тоа не го спречи четири децении да биде споственик на најдолгиот „fild gol“ во најсилната лига во светот. Уште во 1970 година, погоди шут од 63 јарди, што беше активен рекорд се до 2013 година, кога Мет Пратер погоди 63 јарди.