Многу познатиот српски и ексјугословенски композитор Александар Сања Илиќ починал денес на 70-годишна возраст од последиците на кoронавирусот. Роден е во 1951 година во Белград. Неговиот татко бил композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат му е композиторот Драган Илиќ, кој свирел во групата “Генерација 5“. Еден од неговите прадедовци бил академикот Јован Жујовиќ, а другиот бил војник на солунскиот фронт и пратеник Алекса Жујовиќ. Сања Илиќ бил оженет со актерка и пејачка Злата Петковиќ.

Кога имал 16 години, ја испратил својата прва композиција „Поет на мирот“, испеана од Лола Новаковиќ, со која Југославија требало да биде претставена на “Евровизија“ 1968. Во 1976 година, неговата композиција „Чао, чао, чао“ е изведена од Бисера Велетанлиќ, во Опатија исто така на “Југовизија“.

Тереза Кесовија и во Париз во славната “Олимпија“ ја испеа песната “Ко ми је крив“ напишана од Сања Илиќ

На југословенската “Евровизија“ се натрпеварувал и наредните години: и во 1987 година кога легендарната Тереза Кесовија ја испеа неговата песна, преубавата балада “Ко ми је крив“ освојувајќи високо трето место. Оваа песна Тереза и денес ја пее на своите концерти, а ја пееше и на својот концерт во париска “Олимпија“.

Неговата песна „Хало,хало“ изведена од групата “Аске“ дури и ја претставуваше Југославија на “Евровизија“ 1982 година. Но најголем успех Александар Сања Илиќ постигнува со мега хитот „Принцеза“(Негде изван планета), во изведба на Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ на југословенскиот избор за “Евровизија“ во 1984 година кога натпреварот се одржал во Скопје во “Универзална сала“.

Тој ја основал групата “Балканика“ во 1998 година. Со “Балканика“ настапувал низ целиот свет. Ја претставувал и Република Србија на “Евровизија“ 2018 во Лисабон, заедно со  бендот со песната “Новa деца“.    Д.М.  foto:FB