Славниот уметник Кристо, Американец со бугарско потекло, познат по своите монументални дела на пакувањето на големи згради или локалитети, на кои работел со децении со сопругата Жан-Клод, почина на 31 мај во Њујорк на 85-годишна возраст.

Христо почина во својата куќа, објавија од неговото студио. Оттаму наведуваат дека „тој го живеел својот живот во потполност, не само сонувајќи за нешто што изгледаше невозможно, туку и реализирајќи го. Делото на Кристо и Жан-Клод создаде заедничко искуство на луѓето ширум светот, а нивната работа живее во нашите срца и сеќавања“, рекоа соработниците на Кристо, кои ги продолжија проектите што тој ги осмислил со Жан-Клод, дури и по нејзината смрт во 2009 година.

Познати по завиткување и пакување големи згради, како парискиот Понт Неф или берлинскиот Рајхстаг, како и по други монументални инсталации од привремен карактер, но и по самофинансирањето на делата и не прифаќањето на нарачки, Кристо и Жан-Клод се сретнаа во Париз кон крајот на 1958 година.