Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар ги потрврди трнсферите на македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски.

Талески потпиша едногодишен договор, додека  Георгиевски се обврза на двегодишен договор.

Гоце Георгиевски по три сезони во редовите на ЦСМ Букурешт се враќа во Македонија. На маса имаше понуди од Металург и Вардар, а на крајот реши да го одбере „црвено-црниот“ дрес.

Талески ја заврши својата авантура во дресот на Балинген и се врати во Македонија, а претходно играше и за Рајн Некар Левен.