Актерот кој ќе ја толкува наредната улога на Џејмс Бонд може да биде „од која било боја“, но сигурно нема да е жена.

Ова за списанието „Варајети“ го изјавила Барбара Броколи, која заедно со Мајкл Вилсон со години ги продуцираат „007“ филмовите. „За жените, верувам, треба да создадеме нови ликови – силни, женски ликови.

Не сум баш заинтересирана да земеме машки лик и да го претвориме во женско. Мислам дека жените се многу поинтересни од тоа“, рекла Броколи. Инаку, „Не е време да се умре“ (No Time to Die), чие прикажување е закажано за април, е 25-от филм од серијалот за британскиот супершпион и последен со Даниел Крејг во главната улога.

Во минатото, глумиците Џилијан Андерсон, Анџелина Џоли, Емилија Кларк, Елизабет Бенкс и Емили Блант се поврзуваа како можни наследнички на Даниел Крејг.