Поставени нови соларни панели на Меѓународната вселенска станица-честа им припадна на двајца астронаути

606
Двајца астронаути поставија нови соларни плочи на Меѓународната вселенска станица во текот на вселенската прошетка во петокот.
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека астронаутите Стив Боувен и Вуси Хобург поставија нови соларни панели во текот на шестчасовниот престој во вселената.
Веќе се одржани неколку мисии во подготовките за поставување на соларниот панел, кој е со големина 18 метри по 6 метри, а е наменет за подобрување на снабдувањето на Меѓународнаста вселенска станица со енергија.

Планирано е поставување на уште еден ИРОСА (International Space Station Roll-Out Solar Array) следната недела.