Поставени Е-контејнери за е-отпад во општина Центар

412

Новиот проект на Општина Центар во соработка со „Елколект“ ќе им овозможи на жителите на општина Центар, но и на сите граѓани на Скопје да селектираат електричен и електронски отпад, отпадни батерии и акумулатори.

„Елколект“ продолжува со инфраструктурната поставеност на новите Е-контејнери на 4 нови локации.

– На овој начин, се надеваме дека ќе влијаеме во подигнување на свеста кај граѓаните за почиста и поздрава животна средина во општина Центар – вели градоначалникот Саша Богдановиќ.