Австрискиот тенисер Доминик Тим, одлучи да ги пропушти Олимписките игри во Токио и му се придружи на Шпанецот Рафаел Надал, кој еден ден претходнонајави дека нема да игра ниту на Вимблдон, ниту на Олимписките игри.

  • Сакам да ја споделам тажната вест со вас. После разгворот со мојот тим и анализа на ситуацијата, донесов тешка одлука, да се откажам од натпреварувањето на Олимписките игри во Токио. За мене како спортист не постои поголема чест од претставувањето на својата земја на Олимписките игри. Затоа оваа одлука е тажна. Последниве две недели тренирав многу силно и почнав да напредувам по малку на кондиционен план. Мојата цел е напорна работа во наредните неколку недели и да дадам се од себе на Вимблдон, како и да ја одбранам титулата на САД Опен. Млад сум и сенадевам дека ќе играм за Австрија на Олимписките игри во Паариз во 2024 година, напиша на „Твитер“ Доминик Тим.