Поранешниот љубовник на “мала од скандала“, Огњен Врањеш ја кани Карлеуша на журката во Атина

334

Огњен Врањеш швалерот или љубовникот на популарната балканска пејачка Јелена Карлеуша освен што сега ја уценува својата поранешна драга со 100 илјади евра, тој најавува преку медиумите дека се сели за Грција, каде ќе го помине остатокот од животот. – Ќе живеам во луксузна куќа на море со пет спални соби, една голема детска соба за мојата ќерка, голем дневен салон, две купатила, огромна тераса. Тоа е мојата животна желба. Во таа куќа умно ги вложив парите, а ќе вложувам уште штом ги добијам и парите од Јелена, доколку не сака да се влечеме по судови. Фудбалерот, кој беше во центарот на јавноста по аферата со Јелена Карлеуша, одбра една од најубавите локации во Атина. Од куќата се гледа морето, па да не увери во тоа и самиот се слика разголен на карпите над тоа Средоземно Море. Огњен го менува животот, повеќе не лудува, се смири со хормоните кои го терале да прави бељи, велат неговите пријатели. Нема ниту ништо против Карлеуша да му дојде кога сака на гости без ќерките, но исклучиво сега само како пријателка. Ако навистина дојде, вербално ќе си ги обноват спомените. Вранеш ќе (на)прави голема журка за памтење…..