Македонските претставници Пелистер и ТФТ Скопје со пораз го стартуваа вториот „балон“ во АБА2 лигата. Битолчани го претрпеа првиот пораз во регионалното натпреварување од Широки бријег со 73:83, додека ТФТ Скопје беше поразен и по четврти пат и тоа овој пат од Крка со 83:93.

Нашите кошаркарски тимови денеска ќе се обидат да го поправат впечатокот во рамки на 5. коло, каде што Пелистер игра со Осиек, додека ТФТ ќе ги одмери силите со екипата на Слога.