Поради опасноста од коронавирусот, Австралија нема да настапи на “Евровизија 2021“ во Холандија

60

Австралија ќе биде една земја помалку на сцената на претстојниот “Евровизиски фестивал“. И воопшто чудно е како тоа Австралија учествува на овој европски фестивал, како што е чудно например, и за Израел и за Азербејџан и за Грузија….освен ако ние нешто не сме скарани со географијата?

Како и да е далечната Австралија нема да ја има во живо оваа година на фестивалот во Холандија и тоа секако поради коронавирусот. – Проблемот е во патувањето со авионите. Нема никаква гаранција за безбедноста по нашето здравје.

Секако дека сме тажни, а најтажна сум јас,се надевам дека оваа планета Земја ќе им се врати на оние времиња пред пандемијата, нагласи и самата пејачка која ја пее песната “Техноколор“. Нејзината глава е бојадисана во боите на виножитото.  Д.М.