Поплавите не ја одминаа и Русија: Срушен мост, стотици луѓе евакуирани

99
Повеќе од 600 жители на регионот Транс-Бајкал беа евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд, објави руското Министерство за вонредни состојби.
Отворени се два привремени прифатни центри во градот Шилка, а во нив моментално има 114 лица, од кои 28 деца, пренесува Tass.
Психијатрите даваат помош на евакуираните. Во моментов, нивото на водата во реките на блиската планина продолжува да се зголемува, а околу 500 домаќинства и 1.000 обработливи површини се поплавени.
Се сруши мост на Трансибирската железничка мрежа
Обилните дождови предизвикаа и пад на железничкиот мост на линијата помеѓу градот Куенга-Укуреј, кој е дел од транссибирската мрежа, објави руското Министерство за вонредни состојби.
„Железничкиот мост се сруши по обилните дождови на линијата меѓу Куенга и Укуреи. Нема смртни или повредени. Сообраќајот беше стопиран во двата правци “, изјавија во Министерството.