Помошта за исплата на продадено винско грозје ќе се применува за уште шест сорти

83

Владата денеска усвои Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување дополнителна помош како мерка за исплата на продадено винско грозје.
Како што соопшти владината прес-служба, се проширува примената на мерката и на сортите на винско грозје: сирах, малвазија, бургундец црн, кратошија, семијон и мускат отонел.
Во соопштението се наведува дека целта на одлуката е производителите на овие сорти да не бидат во понеповолна положба во однос на останатите производители на винско грозје.