Македонскиот и европски ракометен шампион, тимот на Вардар го претстави полскиот репрезентативец Патрик Валчак. Полјакот со „црвено-црните“ потпиша договор до 2022 година, а ќе го носи дресот со бројот 7.

Станува збор за пикер без некое преголемо реноме, со оглед на фактот дека пристигнува од германскиот второлигаш Либек, а воедно и не е прва опција во полскиот национален тим.

Ова е трет играч на оваа позиција во Вардар, на истата играат капитенот Стојанче Стоилов и Глеб Калраш