Познатиот готвач Флојд Кардоз ја загуби битката со коронавирусот, последната фотографија ја објави од болница

473

Познатиот ТВ-готвач Флојд Кардоз (60) почина од последици од коронавирусот.

„Со голема тага ви јавуваме дека почина шеф Флојд Кардоз“, објавиле од „Hunger Inc. Hospitality“, каде што работел овој популарен готвач.

Флојд дознал дека е позитивен на коронавирус на 18 март, а во болницата бил примен ден порано, на 17 март.

Симптомите почнал да ги чувствува откако се вратил од Индија, каде го снимал серијалот на „Нетфликс“, „Ugly Delicious“ со актерот Азиз Ансари.

На 17 март Кардоз од болницата објавил селфи на Инстаграм.