Имало и потешко од ова, само трпение и грижа за ближните….

Легендарната македонска глумица Милица Стојанова наполни 88 години што е секако за восхит, да полниш толку години во ова време-невреме. Милица е нашата хероина и има причина зошто да и се восхитуваме. Таа на својот роденден испрати до сите свои најмили токму ваква емотивна порака:

„Разни нешта беа и минаа за овие 88 години. И радосни и тажни. Не беше секогаш лесно, ама секогаш беше со истрајност и волја. И војна и рушење и мир и градење. Треба да се оправда раѓањето и да се заслужи смртта.

Да бидеме сите смерни, достоинствени, трпеливи и одговорни во овие не лесни времиња. Имало и потешко од ова. Само трпение и грижа за ближните, порача нашата актерска легенда, Стојанова.  /Д.М./ foto>fb/