Пожарникари спасиле куќа од пожар, а пораката што му ја оставиле на сопственикот го „разгори“ Фејсбук

247

Австралиецот Пол Секфи ја сподеил на социјалите мрежи пораката од пожарникарите што ја спасиле неговата куќа од пожар, а потоа се извиниле што му го испиле млекото од ладилникот.

Секфи се вратил во својот дом во Нов Јужен Велс и таму затекнал порака од локалните пожарникари:

„Ни беше задоволство што успеавме да ја спасиме вашата куќа. П.С. Ви должиме млеко“, пишувало во пораката.

Австралија веќе со денови се бори со пожарите во кои досега настрадаа четири лица и изгореа 150 куќи. Повеќе од 60 пожари горат во Нов Јужен Велс, извести Би-Би-Си.
Секфи ја пронашол пораката во кујната. Во неа пожарникарите се извинуаат што од пожарот не успеале да ги спасат складиштата покрај куќата, ама Австралиецот вели дека подобра порака не добил „од утрото по венчавката“.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10214955910993479&set=a.2268061983256&type=3

Фотографијата од пораката ја споделија стотици луѓе, а таа стаса и до пожарникарот што ја напишал. „Драго ми е што пораката стаса до вас“, напиша Кејл Харди-Портер на Фејбук.

„Задоволство ми е што успеавме да направиме нешто позитивно во толку ужасни услови“, напишал Харди-Портер.

 

 

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10214956998460665&set=a.2268061983256&type=3

Иако куќата на Секфи е спасена, во неа повеќе не може да се живее, напиша сопственикот на Фејсбук.

„Нема струја и вода. Валкано е и веројатно сѐ ќе биде полно со чад уште една седмица“, додал тој.

Поради пожарот во Австралија се затворени и повеќе од 600 училишта.