Поетско читање со израелската поетеса Дорит Вајсман

100

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ вечерва организира поетско читање и разговор со израелската поетеса и режисерка Дорит Вајсман.

Вајсман е родена 1950 година во Тел Авив. Има издадено десет поетски збирки, две книги со преводи на поезија од Чарлс Буковски на хебрејски јазик, два романа и има уредено две антологии со социјално ангажирана поезија.

Основач и активен член е на „Poetry Place“, место за поезија во центарот на Ерусалим и член е на глобалното движење „100 илјади поети за промена“. Има режирано три документарни филмови. Добитничка е на наградата „Јехуда Амихај“ за поезија и на наградата од Министерството за култура за израелски автори, како и на други интернационални награди.