Поетот Сотир Ристо од Мала Преспа застапен во книгата антологија на македонскиот расказ

150
 Издавачката куќа „Темплум” ја издаде книгата антологија на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“, чии уредници се Никола Гелевски и Владимир Мартиновски. Во книгата се застапени 73 автори со вкупно 219 раскази, меѓу нив е и поетот Сотир Ристо со потекло од Мала Преспа кој е застапен со три кратки раскази.
– Сотир Ристо е познат поет и прозаист од македонско потекло од Република Албанија кој пишува на македонски и албански. Роден е на 16 март 1974 година во селото Леска, Мала Преспа. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, пренесува весникот Македониум.
Својот прв роман „Ноќ на шепотот”  го објавил во Албанија (на албански јазик) за престижната издавачка куќа „Теона“.
-Романот ги прикажува животните прилики на Македонците во Албанија за време на режимот на Енвер Хоџа. На македонски јазик ја објавил прозната книга „Продолжено образование” како и други прозни дела. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, Џинџуџе во земјата на афионите”, наведува весникот Македониум.