Поезија на млади македонски автори објавенa во Словенија

109

„(Не)пар/(Не)пар: Двојезични избор свеже македонске литературе“ е наслов на изборот од поезијата на млади македонски автори објавен деновиве од македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана.

Во изборот се опфатени 22 песни заедно со био-библиографски белешки на поетите: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач.

Изборот „(Не)пар…“ ќе биде промовиран во декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија.