После четири месеци чекање, љубителите на Формула 1 конечно доаѓаат на свое – возачите се враќаат на патеката.

На почетокот на март, како што се навикнавме, требаше да започне 2020 сезона. Сепак, поради пандемијата ковид-19, трката во Австралија беше откажана во последен момент, а потоа и речиси сè после неа.

Во тој период, љубителите на најбрзиот циркус во светот минаа низ различни периоди – од стравот дека нема да има трка воопшто оваа година до многу краток и збунувачки календар. Но, сега вреди да се разјасниме и приближиме што всушност нè чека.

Првите тренинзи за новата сезона стартуваа вчера, а во недела на програмата е трката за Големата награда на Австрија, што се одржува на патеката „Ред Бул ринг“ во Спилберг. Само седум дена подоцна, на истата патека ќе има нова „војна“ меѓу пилотите , кога на програмата ќе биде втората трка. Во официјалниот календар, во моментов имаме само осум трки на шест патеки, а покрај Австрија, викенд за викенд ќе се вози и на „Силверстон“. Исто така, познато е дека ќе се одржат најмалку десет трки бидејќи сезоната ќе заврши во Бахреин и Абу Даби, но тие датуми сè уште не се познати, така што патеките сè уште не се внесени во календарот. Исто така, треба да се каже дека не е исклучена можноста за додавање на уште неколку трки, како оние во Азија или во САД. Освен Австрија и Велика Британија, трките во официјалниот календар вклучуваат и Гран-при на Унгарија, Шпанија, Белгија и Италија.

Покрај оваа новина, пилотите ќе мора да се справат со сосема различни услови на патеките, сето тоа заради мерките за забрана поради вирусот „Ковид19“. Значи, познато е дека на самиот почеток на сезоната нема да имаме гледачи на трибините, а покрај тоа бројот на членовите на тимот ќе биде ограничен за време на трката. Исто така, ќе има одредени растојанија помеѓу тимските капацитети на самата патека.

Се разбира, постојат неизбежни тестови. Сите членови на тимот и вработените во Ф1 ќе бидат тестирани пред секоја трка, а истото се очекува да биде и за претставниците на медиумите кои ќе бидат на патеката. Тестирањето ќе се врши на неколку дена, а за таа цел се обезбедени 10.000 тестови.

Ќе биде интересно и на крајот од секоја трка затоа што нема да има традиционални прослави на подиумот, но доделувањето на трофеи ќе биде врачено на стартно-целната рамнина.

Екипите во новата сезона нема да можат да изберат колку комплети гуми ќе сакаат да имаат на располагање, туку веќе е поставен стандард според кој сите возачи ќе имаат на располагање два комплети тврда, три средна и осум меки пневматици.

Обложувалниците веруваат во Хамилтон

Кога е во прашање шампионската улога, таа според светската обложувалница „Вилијам Хил“ му припадна на актуелнито светски шампион Луис Хамилтон. Доколку се обложите на Британецот за едно евро ќе добиете 1.8 евра. Втор според оваа листа е пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој има коефициент 4. Потоа следува младиот возач на Ферари, Шарл Леклер, за кого ако вложите евот ќе добите седум евра, а потоа следува Валтери Ботас од Мерцедес со 8 коефициент. На големо изненадување за многумина, следен е Себастијан Фетел со неверојатана квота од дури 14.

Што се однесува само за првата трка, Хамилтон има повторно најмал коефициент, кој изнесува 1.5, а зад него е Ферстапен со 2 квота.