Поднесени вкупно 34.242 барања за користење на мерките за месец мај 2020

56

Заклучно со 5 јуни 2020 година, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 34.242 барања за користење на мерките за месец мај 2020, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска

За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, поднесени се 6.433 барања образец БФС-СВД, од кои 5.480 барања се прифатени.

За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај, поднесени се 24.997 барања образец БФП-ИП, од кои 20.239 барања се прифатени.

За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување поднесени 2.812 барања образец БС-ПЗСО од кои 2.355 барања се прифатени.