Подигнати 30 кубни метри отпад од диви депонии во општина Чаир 

85

Во текот на вчерашниот ден, екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена отстраниле неколку диви депонии лоцирани на улиците: „Вуковарска“, „Серава“ и „Славеј планина“, во близина на скопското Теќе.

-Екипите на Комунална Хигиена подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри кабаст и мешан комунален отпад од диви депонии во општина Чаир. Станува збор за локации каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини – соопштија од претпријатието.

Оттаму апелираат до граѓаните својот комунален отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови.

-Воедно на граѓаните им се нуди можноста без плаќање паричен надоместок да ги одложат стариот неупотреблив мебел и електричните апарати во центрите за селекција лоцирани во Карпош и во Вардариште.“ – изјави директорката на ЈП Комунална Хигиена, Косана Николиќ Мазнева.