Подигнати 120 кубици отпад од диви депонии во Шуто Оризари

109

ЈП „Комунална хигиена“ со рачно и машинско миење, метење на булеварите и улиците и со отстранување на 120 кубни метри отпад од диви депонии во општина Шуто Оризари, ги заврши есенските акции за генерално чистење на скопските општини.

Во акцијата во општина Шуто Оризари учествуваше и градоначалникот Курто Дудуш, помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Етула Амети и раководителот на Секторот за комунална хигиена, Зекирија Незири, при што се чистеа дворовите на градинките, основни и средни училишта.

Во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ се одржа еко-предавање, каде што учениците беа информирани за штетните последици од неправилното постапување со отпадот.