Визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино е подобрена со донација добиена од Амбасадата на Република Франција, а проектот го реализираше локaлната акциска група АБЕР 2015, во соработка со НУ Музеј Куманово.

За таа цел, како што информираше археологот Дејан Ѓорѓиевски, биле подготвени пет нови табли (патоказни и информациски) кои значително ја олеснуваат посетата на Кокино, особено за странските туристи, кои постојано апелираа да се подобри патната сигнализација. Преку оваа донација, активен е сајтот за Кокино: www.visitkokino.com, на кој се наоѓаат основните информации за вредностите на овој локалитет и можностите за негова посета.

Активирани се мобилните апликации за аудио-водење на локалитетот, додека за сите оние кои се заинтересирани за посета со водич, може да се обратат во НУ Музеј Куманово или да резервираат водич на сајтот www.kokino.mk.

-Апелираме посетителите да се придржуваат до препораките за посета на локалитетот, како и до протоколите за посета утврдени со одлука на Министерството за култура. Воедно, апелираме и до месното население да не ги оштетува или уништува патоказните табли, затоа што руралниот развој преку културниот туризам е од интерес на сите нас, вели Ѓорѓиевски.