Поголема минимална плата во Србија чекаат 350.000 работници

159

Исходот од седницата на Социјално економскиот совет закажана за понеделник желно го очекуваат 350.000 работници во Србија, кои примаат минимална плата.

На состанокот на дневен ред е усогласување на мислењата на работодавците, Владата и синдикатите за зголемување на минималецот, чија висина според српскиот министер за финансии Синиша Мали со одлука на Владата до 15 септември значително ќе се зголеми.

Синдикалниот претставник Зоран Стоиљковиќ за  „Блиц бизнис“ најавил дека зголемување на минималната плата сигурно ќе има и потсетил дека синдикатите во преговорите ќе го истакнат и фактот дека работната сила заминува од Србија. Доколку не дојде до договор помеѓу засегнатите страни минималната плата ја пропишува Владата на Србија, а според неговите зборови, барањето на синдикатот нема да бид под 33.000-34.000 динари.

Од друга страна, рабтодавачите најавуваат дека нивниот став ќе остане непроменет. Небојша Атанацковиќ, почесниот Претседател на Унијата на рабтодавачи на Србија, вели дека тие ќе бидат многу кооперативни, но никако нема да прифатат нешто што е над макроекономското очекување за следната година, а тоа значи, четири отсто раст на БДП и два процента очекувана инфалција, или, како што вели, вкупно шест отсто

Со овој предлог на работодавците минималната плата од сегашните 27.000 динари би се зголемиле за помалку од 2.000 динари.