„Повторно на О“ – изложба и промоција на книга на Илина Арсова во МКЦ

88

Афирмирана алпинистка и уметница Илина Арсова вечер ќе се претстви со своја изложба насловена  „П0вт0рн0 на 0“, а ќе ја промовира и книгата Планинарење, во Младинскиот културен центар.,

Арсова за изложбата вели дека враќањето од Антарктикот на самиот почеток од годината и завршувањето на мисијата „7 врвови на 7 континенти“, го доживеала како огромно олеснување, и истовремено како високо креативна храна за ликовното творештво.             

-Сликарството прочистено од боја и форма, го заокружи циклусот, враќајќи се до почетната точка на скица и цртеж. Ликовниот израз во последните години доби нови димензии преку нови современи практики. Како најсвеж концепт го заокружувам и перформансот НУЛА (ZERO), каде уметникот се претопи во ликовното дело, начнувајќи нови, подлабоки теми на истражувањеТокму перформансот НУЛА (ZERO), на некој начин го повика, или предвиде новиот почеток, каде светот сериозно треба да размисли во која насока треба да го насочи својот нов почеток. Да заземе одговорна, самоодржлива улога со поголема свесност и грижа кон природата или онаа лакомата, манипулативна, профитерска насока која веќе се докажа дека води кон само уништување, вели Арсова.

Изложбата ќе биде отворена за посета во рамки на годинашното издание на Бела ноќ.