Повредените во автобуската несреќа се враќаат во Македонија

40

Денеска почнува процесот на транспортирање на повредените во тешката несреќа на автобусот на „Беса Транс“ што се случи на автопатот Струма во Бугарија.

Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов” ќе бидат отпуштени денеска, уште двајца утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Повредените се во добра и стабилна здравствена состојба.

Повредениот српски државјанин, како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе биде пренесен во Србија, а нашите во Скопје, во организација на Министерството за здравство. Повредените прво ќе бидат сместени во нашите здравствени установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување.

Работната група што ја формира Владата треба да изготви акциски план за пренос на посмртните останки на настраданите ви несреќата. Владата ги презема сите трошоци за транспортот и погребот на жртвите.

– Нашите очекувања се наредната недела, штом заврши идентификацијата, може да се очекува вторник или среда, со можност да се помести тој ден додека не се комплтеира идентификацијата. МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки. Имавме средба со повеќе компании кои ќе бидат ангажирани околу тоа, а наредните денови планираме средба и со семејствата за да ги испочитуваме нивните барања за предавање на телата, рече Османи.

При дополнителениот увид што вчера го извршија истражители од бугарската Национална истражна служба во опожарениот автобус на „Беса транс” на автопатот „Струма” е пронајдено уште едно тело на дете. Со ова, бројката на пронајдени тела во автобусот се искачи на 45.

Претставници на Јавното обвинителство на Бугарија се во земјава и денеска во Јавното обвинителство на РСМ ќе им бидат предадени ДНК анализите од роднините на покојните, заедно со документација што е досега обезбедена, пред се одземените документи од „Беса транс” и податоци од Министерството за транспорт и врски.

На експертизата за утврдување на идентитетот од ДНК анализата, како што информира вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, ќе присуствуваат и двајца претставници од Судска медицина.