Кошаркарите на Гостивар славеа на дуелот против актуелниот шампион МЗТ Скопје со 65:51, во заостанатиот натпревар од 7. коло во Првата лига.

Ова воедно значеше и победнички старт на Александар Јончевски на клупата на Гостивар. Домашните кошаркари беа далеку помотивирани и на крајот сосема заслужено дојдоа до триумф со кој обезбедија пласман во плејофот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џохан Вокер со 17 поени, а добра партија имаше и Ивица Димчевски со 11 коша. На спротивната страна Бојан Крстевски го заврши мечот со 13 поени.