„Победата ќе биде наша“ им порача Путин на граѓаните собрани на Црвениот плоштад во Москва

72

Претседателот Владимир Путин на илјадниците Руси собрани на Црвениот плоштад им порача „победата ќе биде наша“, по седуммесечните борби во Украина и анексијата на четирите украински области.

„Русија не само што ги отвора вратите од својот дом за тие луѓе, туку и го отвора своето срце. Добредојдовте дома“, рече Путин во обраќањето пренесувано преку телевизија по церемонијата во Кремљ на која беа анектирани украинските региони.