Побарувачката за работници во Германија паѓа веќе една година

94

Побарувачката за работници во Германија во мај падна дванаесетти месец по ред. Индексот BA-X, кој ја следи побарувачката на работна сила, се намали за два поени на 122, објави државната агенција за вработување.

Вредноста на индексот е за 17 поени пониска во однос на истиот месец претходната година, кога достигна рекордно ниво.

Индексот BA-X се базира на податоци за слободни работни места регистрирани во институтот. Референтната вредност е просек од 2015 година и изнесува 100 поени.

Со сегашните 122 поени, индексот се уште е на високо ниво и покрај разнишаната економија.

Од април до мај 2023 година, бројот на регистрирани слободни работни места благо се зголеми само во неколку сектори во економијата.

Двоцифрен процентуален пад на индексот Институтот бележи во сите гранки, особено во ИТ и комуникацискиот сектор, потоа угостителството, земјоделството и шумарството.