Филмската компанија Дизни конечно реши да го објави играниот филм „Мулан“ на својот стриминг сервис Дизни Плус, наместо во киносалите, откако петходно трипати го одложуваше поради пандемијата на Ковид 19.

Филмот ќе биде достапен од 4 септември, за 30 долари. Сите оние кои се претплатиле на услугата исто така ќе треба да платат 30 долари, но Дизни им овозможил и на сите оние кои не се претплатиле да го гледаат филмот за иста сума.

Филмот е во режија на Ники Каро, а главната улога ја игра Кристал Лиу.

Во овој филм, за разлика од анимираниот, постојат некои разлики. Во филмот се прикажани два негативци, Кан, кој го игра Џејсон Скот Ли, но и вештерката Ксиан Ланг, која што ќе ја игра Гонг Ли. Исто така, Мулан во филмот добива и сестра Хуа Ксиу, лик кој ќе го толкува Ксана Танг.