Најдобриот акедонски ракометар Кирил Лазаров е на залезот од својата богата кариера која ја започна во Ворец од Велес во 1995 година, потоа три сезони помина во битолскиот Пелистер, од каде замина во хрватскиот шампион ППД Загреб и понатаму само се реде коцките во кариерата на најтрофејниот македонски ракометар.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, откри дека по завршувањето на догворот со Нант ќе престане активно да игра ракомет и ќе се проба во тренерските води

Но, тој во интервју за хрватскиот портал „vecernji.hr“ ,откри дека по истекување на догворот со францускиот Нант, најверојатно ќе и стави крај на својата играчка кариера, но ќе остане во ракометот. Негова следна цел е успешна тренерска кариер, односно да биде успешњн и на клупата.

-Мислам дека по завршувањето на договорот со Нант ќе биде и крајот на мојата играчка кариера. Во ракометот ќе останам како тренер. Кој знае, за десет години можеби ќе седам и на клупата на ППД Загреб, клубот кој ми даде многу во мојата ракометна кариера, вели Лазаров.

Лазаров, кој во мај наполни 40 – години се пресели во Нант од Барселона во 2017 година, а оваа сезона по пауза од една година повторно ќе игра во Лигата на шампионите. Во својата кариера има играно уште за Сиудат Рал и Атлетико Мадрид.

Има постигнато над 1000 голови во Лигата на шампионите и се уште е најдобриот стрелец на сите Светски првенства со 92 гола. Тој до неодамна беше и прв стрелец и на Европските првенства со 61 гол, но приматот оваа година во Австрија, Шведска и Норвепшка му го презеде Сандер Сагосен со 65 гола. Но, мора да се напомене дека Норвежанецот ова го постигна со повеќе одиграни натпревари.