Пијани возеле 13 возачи, од нив десетмина се санкционирани во Центар

145

МВР продолжува со санкционирање на возачи на територијата на Град Скопје. Во последната акциска контрола полицијата запрела 13 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а од нив десетмина биле санкционирани во општина Центар.

– На територијата на Центар изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 10 мерки за управување под дејство на алкохол, шест за непрописно паркирање – информираат од СВР – Скопје.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – велат од СВР – Скопје.