Писмо од кралицата Елизабета од 1966 година продадено за 8.300 евра

313

Лично писмо од неодамна починатата англиска кралица Елизабета Втора, вчера е продадено на аукција во Германија за 8.300 евра, објавија организаторите.

За купувачот се знае само дека е жена која живее во странство. Писмото е продадено на аукција што ја организираше аукциската куќа Eppi во Штутгарт. Шисмото од кралицата е упатено до германската јавачка Ета Пле, родена како Марија Графин фон Вурмбранд-Ступач, чии коњи два пати победиле на престижната трка Ипсом Дерби во Англија.

Во писмото кое датира од 1966 година, кралицата и пишува на „драгата госпоѓа Плеш“ дека е „воодушевена од убавата слика на коњот“ што ја добила од неа и од нејзиниот сопруг на подарок за Божиќ.

Покрај писмото на кралицата Елизабета Втора, на саботната аукција во Штитгарт на понуда било и писмо од Бекингамската палата, од канцеларијата на принцезата Диана.