Петта победа на Вардар јуниор, радост и за охриѓани

111

Екипата на Вардар јуниор го победи Радовиш со 29:26, и дојде до петтата победа во ракометната Суперлига.

Кај младиот тим на „црвено-црните” најдобри беа Кукуловски со осум и Крстевски и Ќосевски со по шест гола. Сега и Вардар јуниор и Радовиш имаат по 15 бода од можните 30.

Во Охрид, „гладијаторите” предводени од голманот Брауновиќ кој имаше 22 одбрани, го победија Пролет со минимални 29:28, и на најубав начин ја збогатија прославата на 30-годишнината од формирањето на навивачката група „Рибари”. ГРК Охрид е втор на табелата со 25 бода, зад Металург кој има 26.