Хрватската ѕвезда Петар Грашо вечерва одржа солистички концерт во Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот.

Се чини дека домашната публика ужива во неговите хитови,  бидејќи првите два концерта, закажани за 13 и 14 декември, се распродадоа во рекорден рок, па организаторите најавија и трет.

Иако неколкупати во последниве години настапуваше на приватни забави и големи музички манифестации, Грашо одамна нема одржано солистички концерт во Скопје.

 

фото: П.Стојановски Вечерпресс