Пендаровски си одбра жена аѓутант

206

Претседателот Стево Пендаровски ја постави полковник Билјана Блажеска за аѓутант на врховниот командант на Вооружените сили во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Полковник Блажеска била учесник на повеќе меѓународни обуки и вежби како припадник на Армијата, вклучувајќи го учеството во меѓународната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година. Завршила специјализација за командни и штабни должности на Воената академија во Скопје, курс за стручно оспособување и усовршување на офицери за служби на копнената војска на Армијата 2000-2001 во втората генерација на жени во Армијата.

Во Армијата работела во областа на логистика и била активно вклучена во проекти за развој и унапредување на опремувањето на Армијата, унапредување на логистичката поддршка на единиците на Армијата во мир и во воена состојба како и при упатување во мисии надвор од земјата.

Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје се одликува со Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО.

Тој во својот говор потсети дека по повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, земјата е на чекор од полноправно членство во НАТО.

„Владеењето на правото е неопходен услов за функционирање на демократијата и за развојот на слободното општество. Затоа наш апсолутен приоритет е да го издигнеме владеењето на правото во наша врвна вредност и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во државата,“ изјави Пендаровски.

Тој даде ветување дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната.