Пари и Пјаца за Олмо

120

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, е последниот кој покажа интерес за услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на најтрофејниот хрватски клуб, Динамо (З), Дани Олмо.

Младиот играч за врска сигурно ќе ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок, а интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Рома, Милан и на Барселона.

Челниците на „старата дама“ се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за обештетувањето, но сакаат во обратната насока да го испратат поранешниот фудбалер на Динамо (З), Марко Пјаца.