Пандемијата ЌЕ ЗАВРШИ кога „светот ќе одлучи да стави крај“

264

Пандемијата на ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече денеска шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцините.  

„Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) на конференција во Берлин.

Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки мудро“ и нагласи дека „со близу 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.

Шефот на СЗО зборуваше на свеченото отворање на „Светскиот самит за здравје“, годишниот собир на професионалци и политичари во Берлин. Целта на СЗО е 40 проценти од населението во секоја земја да се вакцинираат до крајот на годината и 70 проценти до средината на 2022 година, пренесе Индекс.хр. Тедрос редовно истакнува дека жали за акумулацијата на вакцини против ковид во богатите земји.

„Тоа е можно, но само ако земјите и компаниите што ја контролираат понудата ги претворат своите зборови во дела“, рече тој во Берлин.

„Земјите кои веќе вакцинираа 40 проценти од населението, вклучително и Г20, мора да ги остават своите количини при испорака на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Ават) основан од Африканската унија“, вели Тедрос.

„Производителите на вакцини мора да го споделат своето знаење, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуална сопственост“, објасни тој.

Во снимената видео порака, шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и ставени на пазарот во рекордно време, беше засенет од трагедијата со неправедна дистрибуција“.

„На сите ни се заканува национализам и акумулација на вакцини“, заклучи Гутереш.