Спречувањето на ширењето на пандемијата ќе биде најголемиот предизвик на организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг, во февруари наредната година.

Пекинг ќе стане првиот град во светот кој ќе бил домаќин на Летните олимписки игри во 2008 и Зимските олимписки игри наредната година од 4 до 20 февруари наредната година

Кинеските власти кои ја следат политиката на нулта заразеност, ги применуваат сите мерки да го искоренат едно од ограничено жариште на епидемијата кое се појави последниве неколку дена на северот од земјата.

-Пандемијта е најголем предизвик за организирање на Зимските олимписки игри, им кажа на новинарите потпретседателот на организациониот одбор Џанг Џијадонг.

Во градот Ланџу, 1.700 километри западно од Пекинг беше воведенкарантин за четири милиони граѓани, кои по откривање на десетици нви случаи заразени со коронавирусот им беше кажано да останат дома и да излегуваат само по потреба. Мерките ги засили и Пекинг каде во последните седум дена бера забележани нови дваесет случаи на заразени со ковид 19

Зимските олимписки игри 2022 ќе бидат безбедни, со намера да биде исклучен секаков ризик од азарза во останатиот дел од Кина. Се очекува да присувствуваат 2.900 спортисти, кои треба да бидат или целосно вакцнирани и ли да бидат ставени во строг карантин од 21. ден по пристигнувњето во земјата. Следењето на натпреварувањето ќе им биде дозволено само на посетителите од Кина.

Кина, каде што прво беше детектиран вирусот во 2019 година, исто така успеа да го искорени вирусот во пролетта 2020 по применување на драстични мерки со контрола на населението. Земјата истот така ги затври границите со остатокот од светот.

Кина во последните 23 часа пријави само педесет новозаразени со коронавирусот. Официјалниот биланс од почетокот на пандемијата е помалку од 100.000 случаи заразени и 4.636 починати.