Пандев постигна гол од 40 метри и доби црвен картон (видео)

112

Македонскиот интернационалец Горан Пандев постигна гол скоро од центарот на теренот во првото полувреме, а потоа доби два жолти картони за четири минути при ремито 2-2 помеѓу Џенова и Лече.

Пандев се запиша во 31. минута кога голманот Габриел упати топка директно во неговите нозе. Македонецот ја совлада топката и ја упати во мрежата на Лече со шут од околу 40 метри, а подоцна доби освои и пенал, кој беше претворен во гол од Доменико Кришито на крајот од првиот дел.

Пандев го напушти теренот по 73 минути игра, но гостите го зачуваа ремито, иако пред тоа и Агудело беше избркан.

Џенова е на 18-то место со 11 бода, четири помалку од дебитантот во елитата Лече.