Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов, обезбеди норма за Европските игри во 2023 година, што ќе се одржат од 9 до 25 јуни во Краков, Полска. Тој е единствен наш каратист кој трет пат ќе биде дел од ова натпреварување, на кое што во 2015 година на турнирот во Баку освои бронзен медал.

Емил учествуваше и на ЕИ во Минск, Белорусија, во 2019 година, но не дојде до некој од медалите.